Сега живее во шума на 25 километри од океанот, но ако сака, има право да се пресели и да го понесе својот дом со себе
Економичниот живот во мал простор, доволен за скромна личност, станува сѐ попосакуван начин на живот. Така, јутјуб-каналот „Голем живот во мала куќа“ ја пренесе приказната за Ема од Франција, која потрошила 33.000 евра за изградба и легализација на мала куќа во шума, оддалечена само 25 километри од океанот.
Ема, која целиот живот го поминала во комбе, живеејќи номадски, одлучила да се стабилизира и успеала сама да си изгради куќа за своите потреби.
Особено интересно е тоа што нејзината куќичка е легално лоцирана. Таа ја пополнила потребната документација кај локалниот градоначалник и добила дозвола да живее во своја куќа на имот и со тоа докажала дека на вистинската локација и со локално одобрение, возможно е да се живее легално во мала куќа во Франција.
Поврзани објави
Секој дел од куќата е дизајниран според нејзиниот начин на живот. Таа има голема кујна, водоотпорен влез и бања со опрема за сурфање, пространа дневна соба исполнета со природна светлина, паметен простор за складирање, па дури и подигната платформа за јога, креативни активности и гости.
Иако е мала, куќата може да угости шест луѓе, а секој дел е внимателно осмислен.
Во видеото во продолжение погледнете како изгледа оваа уникатна куќа…
ФОТО: ЈУТЈУБ