Ретката црно-бела фотографија ја врати легендарната македонска пејачка во далечната 1965 година, кога како млада девојка веќе настапувала на голема сцена во Скопје.
Една стара фотографија од Блага Петреска предизвика внимание на социјалните мрежи, особено кај оние кои ја следат македонската музичка историја. На фотографијата пејачката е само 18-годишна, а веќе настапува со Забавниот оркестар на Радио Телевизија Скопје.
Фотографијата датира од 1965 година и била направена од фото-службата на редакцијата „Студентски збор“. Денес е сочувана како дел од монографија со фотографии посветена на Втората „Средба на солидарноста“, голема културна манифестација што тогаш се одржувала во Скопје.
Во рамките на манифестацијата имало и „Вечер на забавни мелодии“, на која настапувале познати пејачи од тогашна Југославија. Оркестарот на Радио Телевизија Скопје бил под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, а токму од оваа програма потекнува и фотографијата на младата Блага.
Јас 1965, се изненадив пријатно“, напиша пејачката, враќајќи ги спомените од периодот кога нејзината кариера допрва почнувала.
Поврзани објави
Децении подоцна, Блага останува едно од препознатливите имиња на македонската народна музика.
Нејзините песни продолжуваат да се слушаат, а неодамнешната средба со млади обожаватели во Охрид покажа дека нејзината музика не останала само во минатото – туку стигнува и до новите генерации.
printskrin youtube – blaga petreska