Почетна Убавина и здравјеГи јадеме како луди, а не сме ни свесни што внесуваме во себе – Убавина и здравје

Ги јадеме како луди, а не сме ни свесни што внесуваме во себе – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Виршлите што сите сакаме да ги јадеме содржат состојки кои можат да бидат опасни за здравјето.

Виршлите се меѓу најчесто избраните брзи оброци – евтини, практични и лесно достапни. Се прават од свинско, говедско или пилешко месо, но и од масно ткиво, кожа и други месни остатоци. Кај поевтините варијанти, уделот на вистинско месо може да биде многу мал, додека остатокот го сочинуваат скроб, соја или други згуснувачи.


Поврзани објави

За да бидат трајни и привлечни по боја, се додаваат конзерванси како нитрити, кои се поврзуваат со зголемен ризик од одредени болести, како и засилувачи на вкус, ароми и стабилизатори.

Иако луѓето ги сакаат поради лесната подготовка и вкусот, експертите советуваат да се консумираат умерено, особено кај децата. За подобар избор, треба да се бираат производи без нитрити и со поголем процент чисто месо, дури и ако се поскапи.