Почетна Убавина и здравјеИстрагата ќе покаже кои незаконитости довеле до катастрофата – Убавина и здравје

Истрагата ќе покаже кои незаконитости довеле до катастрофата – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Министерот за внатрешни работи најавува целосна транспарентност и одговорност за сите инволвирани во случајот

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на „Тема на денот“ на Сител истакна дека случајот со пожарот во Кочани ќе биде целосно расветлен и дека јавноста ќе дознае за сите незаконити дејствија кои довеле до оваа трагедија.

Кога ќе се објават деталите за коруптивните зделки и начинот на кој биле издавани дозволи и легализирани незаконски постапки, јавноста ќе остане згрозена“ – рече Тошковски, посочувајќи дека истрагата опфаќа претреси во повеќе институции, вклучително и Министерството за економија.

Министерот нагласи дека корупцијата е главната причина за оваа катастрофа и дека нема да има милост за оние кои се огрешиле од законот.


Поврзани објави

Нема да дозволиме ова да остане неказнето. Осомничени се повеќе од 20 лица, дел веќе се во притвор, а истрагата продолжува“ – додаде Тошковски, посочувајќи дека постојат основи за кривична одговорност според членовите 288 и 292 од Кривичниот законик.

Тој упати апел до сите институции и граѓаните да покажат разум и да дозволат истрагата да заврши професионално и транспарентно.

Секој кој придонел за оваа трагедија, без разлика на функцијата, ќе одговара“ – порача Тошковски.

Фото: принтскрин – Јутјуб – Сител Телевизија