Почетна Убавина и здравјеВредат цели 68.000 евра! – Убавина и здравје

Вредат цели 68.000 евра! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Вејд Венчут обожава да купува складишта на онлајн-аукции, но никогаш досега не му се случило нешто вакво!

Вејд Венчут, 39-годишен маж од Калифорнија, купил складиште на интернет-аукција за 1600 евра, без да претпостави што би можело да се крие во него. Моментот кога првпат зачекорил во напуштеното складиште веројатно ќе го памети до крајот на животот, бидејќи ни во најлудите соништа не можел да си замисли што сè ќе пронајде! Ризикот што го презел се покажал како една од неговите најдобри одлуки досега.

Што сè пронашол?

Во складиштето се криела вистинска ризница за љубителите на поп-културата: околу 1000 ретки „Покемон“ карти, гејминг-конзоли од минатите генерации како Плејстејшн, Икс-бокс, Нинтендо 64, како и купишта класични видеоигри. Според првите проценки, вкупната вредност на пронајдените предмети достигнува и до 68.000 евра!

Вејд речиси 10 години се занимава со препродажба на предметите од напуштените складишта и тврди дека за тоа време обработил околу 2000 единици. Сепак, дури и за него, овој улов бил еден од најнеобичните и најисплатливите.

Огромна заработка

Само со продажбата на неколку ретки „Покемон“ карти веќе заработил повеќе од 4900 евра, што значи дека речиси трикратно ја зголемил својата почетна инвестиција. Поголемиот дел од колекцијата сè уште не го ни ставил на продажба – вели дека продал само околу пет отсто од предметите, што значи дека потенцијалната заработка и понатаму расте.

„Картите се во исклучително добра состојба. Моментално ги имам околу 600 и сè уште чекам да се проценат некои од највредните примероци“, изјавил тој.

На социјалните мрежи познат е како @wadesventures, каде што привлекува многу следбеници со своите редовни објави за препродажба на складишта.


Поврзани објави

Не се откажал и тоа е неговиот најголем успех

Вејд признава дека неговиот прв обид бил комплетна утка, но тоа не го обесхрабрило. Вистинскиот пресврт се случил откако купил складиште за 360 евра, а внатре го пречекало нешто потполно неочекувано – купишта дизајнерска облека, обувки и торби, од кои повеќето парчиња сè уште ги имале оригиналните цени.

Помеѓу пронајдените предмети имало и 400 пара женски дизајнерски чевли, а целиот улов го процениле на околу 65.000 евра. Оттогаш работата му оди како подмачкана.

Заедно со сопругата Ешли, која неодамна му се придружила во бизнисот, си поставиле амбициозна цел за 2025 година – да остварат приход повисок од милион долари.

Интересно е што складиштето со картите „Покемон“ се наоѓало на само пет минути од неговата куќа.

„Имав неверојатна среќа“, открил Вејд, кој верува дека ова е само почетокот на уште поголеми успеси.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм, Јутјуб