На големиот празник Крстовден, семејството Митев имаше два поводи за радост, а гордиот татко сподели емотивна порака за својот син.
За Јордан Митев и неговата сопруга Славица, овој Крстовден ќе остане запаметен како еден од најубавите семејни денови. Нивниот син Кристијан го прослави првиот роденден, а во истиот ден го прими и светото крштевање.
Гордиот татко сподели семејна фотографија направена пред црквата, на која го држи својот син, додека покрај нив се сопругата Славица и постарата ќерка Кристина. Малиот Кристијан е облечен во бела свечена комбинација, а фотографијата го доловува семејниот момент исполнет со радост и емоции.
Јордан за својот син напиша порака во која му посака здравје, среќа и Божја закрила, а откри и дека дел од желбите што сакал да му ги упати веќе ги преточил во песна посветена токму на Кристијан.
Поврзани објави
Интересно е што Кристијан е роден токму на Крстовден, па празникот за семејството има дополнително значење. Името што го добил има христијанско потекло и се поврзува со значењето „следбеник на Христос“.
Во семејството Митев веќе имаат уште едно име со слична симболика. Нивната ќерка Кристина е родена во октомври 2023 година во Австралија, па имињата на двете деца носат силна врска со христијанската традиција.
Јордан и Славица се во брак од 2017 година, а по венчавката избрале семејниот живот да го градат во неговото родно Подареш, во близина на Радовиш. Пејачот во повеќе наврати зборувал за тоа колку му значат семејниот мир и родителството, а ваквите моменти се уште една потврда дека најголемата радост ја наоѓа токму во својот дом.
Фејсбук/ Јордан Митев