Почетна ЕкономијаВо Велес покрај  Вардар се гради кејот од Мало мовче до Стар мост

Во Велес покрај  Вардар се гради кејот од Мало мовче до Стар мост

од nenad
0 минути читај за

01/10/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Во тек е  изградбата на кејот на река Вардар од десната страна на Велес. Градежни активности има на потегот од Мало мовче до Стар мост,  информира Општина Велес.

Оттаму додаваат дека  со поврзување на двата потега граѓаните на Велес  ќе добијат уште едно уредено пријатно место за одмор и релаксација.

Претходно со европски пари беше изграден кејот на десната страна од Вардар,  на потегот од новиот мост „Гемиџии“ до Мало Мовче. ад/мд/Фото: Општина Велес  .

Извор: МИА