Еден од најдобрите играчи во историјата, Кристијано Роналдо, има нов клуб. Како што ексклузивно јавуваат медиумите од Саудиска Арабија, тој потпишал договор со Ал Наср и кариерата ќе ја продолжи во азискиот фудбал.
Договорот меѓу двете страни е двегодишен. Потпишана е соработка, за неофицијално, 200 милиони евра по сезона. Роналдо го потпишал договорот додека престојувал во Мадрид и се подготвува за пат во Саудиска Арабија и наскоро се очекува презентација на играчот.
Кристијано Роналдо последен пат играше за Манчестер Јунајтед, но двете страни се разделија за време на Светското првенство во Катар, поради интервјуто кое Португалецот го даде во Англија и ги распна сите членови на „ѓаволите“.
Извор: gol.mk