Почетна ПопуларноНови 20 години затвор за Алексиј Навални побара државниот обвинител

Нови 20 години затвор за Алексиј Навални побара државниот обвинител

од nenad
1 минути читај за
t

Рускиот државен обвинител денеска побара опозицискиот политичар Алексеј Навални да биде осуден на 20 години затвор за формирање екстремистичка организација, објави ТАСС.
Државната новинска агенција ТАСС цитираше дека обвинителите исто така побарале , второобвинетиот со Навални, Даниел Колодни, да биде осуден на 10-годишна затворска казна.
Навални (46) отслужува деветгодишна затворска казна откако е осуден за измама и непочитување на судот. Тој беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во Москва од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс.
Навални се соочува со седум нови обвиненија, вклучително и формирање и финансирање на екстремистичка организација и рехабилитација на нацистичката идеологија. Критичарот на Кремљ ги отфрла обвинувањата како политички и го обвинува Кремљ дека сака да го осуди на доживотен затвор.
Новите обвиненија се однесуваат на активностите на антикорупциската фондација на Навални и изјавите на неговите главни соработници.

.