82
По обилните врнежи од дожд, водата од новиот водовод кој се снабдува од реките Пења и Лешница се замати, а системот е целосно исклучен.Моментално граѓаните со вода за пиење се снабдуваат само од стариот водоснабдителен систем, кој зема вода од шарпланинските извори, информираа од ЈКП Тетово.Вообичеано е велат од претпријатието, после секој пороен дожд да има заматување на водата од новиот водовод, оти се работи за систем кој се снабдува од површински води, кои потоа се прочистуваат во филтер станица. Но, ако се работи за енормно заматување, станицата не може да ја прочисти водата и автоматски самата се исклучува.