Почетна ПопуларноВодата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

од nenad
1 минути читај за

Анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации низ градот го потврдуваат квалитетот и безбедноста на водата што го пијат Скопјанците. Овие испитувања се спроведуваат во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Според резултатите од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.02.2023 до 03.03.2023 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Скопје.

Leave a Comment