Почетна ЕкономијаВМРО-ДПМНЕ со предлог за 16 нови кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ со предлог за 16 нови кандидати за градоначалници

од nenad
1 минути читај за

На денешната редовна седница, раководството на ВМРО-ДПМНЕ избра уште 16 кандидати кои ќе се тркаат за градоначалничките места на претстојните локални избори.

За кандидат за градоначалник на општина Сопиште е именуван Јане Мицески, за Кичево Александар Јованоски, за Крива Паланка Оливер Алексовски, за Маврово и Ростуше Омер Јакупоски, за Кривогаштани Сашо Ронковски, за Шуто Оризари Ерџан Демир, за Крушево Нико Чонески, за Валандово Ѓоко Камчев, за Виница Митко Костадиновски, за Демир Хисар Никола Недоски, за Чешиново Облешево Јордан Костадинов, за Радовиш Љупчо Почиганец, за Чашка Дејан Андоновски, за Прилеп Дејан Проданоски, за Струмица Петар Јанков и за Неготино Благој Ацев.

Во врска со Кисела Вода, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека “се уште траат анкетите и во најбрзо време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат”.

Сајкоски додаде: “Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот”.

По завршувањето на седницата на Извршниот комитет, Сајкоски потенцираше дека, врз основа на внатрепартиските анализи и истражувања, Извршниот комитет заклучил дека ВМРО-ДПМНЕ “оди на уште една историска победа на претстојните локалните избори”.