Почетна ЕкономијаИзвесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот јаде и пие по ресторани

Извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот јаде и пие по ресторани

од nenad
1 минути читај за

„Ве информираме дека извесна Ивана во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавува и појавува во угостителски објекти при што нарачува храна и пијалаци, наводно за општината и градоначалникот. Лицето по извршената нарачка бара фактурите за испорачаната услуга да гласат и да им бидат доставени на фирми кои соработуваат со Општина Ѓорче Петров. За фирмите доставува потребни податоци за изготвување фактура“,велат од Општината.

Оттаму додаваат дека презеле мерки за да приберат докази и да го пријават случајот до надлежните органи и апелираат до угостителските објекти да не подлегнуваат на оваа измама.Најостро го осудуваме овој чин на измама и истовремено информираме дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор за угостителски услуги и не врши набавка на угостителски услуги“,велат од Општината.