Почетна Убавина и здравјеДенес те има, a утре те нема – Toa e животот!

Денес те има, a утре те нема – Toa e животот!

од nenad
1 минути читај за
Ех животе, животе!

Додека правиме планови без врска и сѐ онаа вистински важно го фрламе под нозе како да е едно големо ништо, живееме заблуда. Мислиме дека ги држиме конците на животот, дека сѐ е под наша контрола и ете уште една заблуда повеќе.

Колку е само неизвесен животот, една милисекунда и може сѐ да промени! Не знаеме утрото што носи и дали ќе се разбудиме живи и здрави. Божји благослов е секој ден кој го дочекаме. Секој ден е нова шанса, и така одново и одново.

Нова шанса да се покаеме. Нова шанса да простиме и да побараме искрено да ни простат. Нова шанса да поправиме онаа што може да се поправи. Нова шанса да научиме од грешките, а не и понатаму успешно да грешиме! Нова шанса за крај, на сѐ што го носи името крај, но и нов почеток, сосема нов. Нова шанса да бидеме подобри луѓе, знаете за кои зборувам , за оние кои звучат како да се изумрен вид.

Продолжува на следната страна: