Обезбеден е проект за итна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари, кој ќе биде реализиран до крајот на тековната година. Паралелно со тоа, НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за комплетна обнова и конзервација на целиот комплекс, информираше денеска на прес-конференција владиниот гласноговорник Марија Митева.
Митева најави дека проектот ќе биде завршен до средината на идната година, по што Министерството за туризам и култура ќе го утврди планот за финансирање и целосна реконструкција.
„Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години.“
„Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат оставен без потребна заштита. Од тогаш до денс цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен културен споменик“, рече Митева.
Таа нагласи дека нема да бараат изговори, туку имаат одговорност да го поправат тоа со преземање конкретни и одговорни мерки поради културното и национално значење на „Македониумот“.
лв/вј/фото: МИА архива и принт скрин Влада .