Пејачката со впечатлива фризура и шминка денес изгледа потполно поинаку
Сите се навикнати да ја гледаат Пинк со впечатлива шминка, необични фризури и екстравагантни модни комбинации. Пејачката отсекогаш сакала да експериментира со својот изглед, кој со текот на годините стана нејзин заштитен знак и ја направи една од најпрепознатливите поп-ѕвезди на својата генерација. Но, неодамна на интернет се појавија нејзини фотографии кои веднаш предизвикаа лавина реакции.
Папараците ја фотографирале 47-годишната пејачка додека го шетала своето мало куче, а нејзиниот изглед без вообичаената сценска шминка толку ги изненадил корисниците на социјалните мрежи што многумина воопшто не ја препознале. Пинк носела виолетова тренерка, а косата ѝ била скриена под кафеаво-бела марама. Нејзиниот четириножен миленик удобно се сместил во торбата што ја носела преку рамо, додека самата пејачка изгледала како секоја друга жена на опуштена прошетка – без шминка и без вообичаениот гламур.
Токму контрастот меѓу ова нејзино секојдневно издание и впечатливиот сценски имиџ предизвика толку бурни реакции.
Дел од корисниците не го криеја изненадувањето:
„Мислев дека е Вил Ферел“, „Изгледа како да има 65 години“, „Што ѝ се случило? Пинк нема ни 50 години“.
Сепак, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана. Еден од нив сосема оправдано праша зошто луѓето се изненадени што 47-годишна жена без шминка изгледа токму како 47-годишна жена без шминка.
Пинк одговори на лавината коментари со својот препознатлив хумор. Таа ја сподели папарацо-фотографијата на социјалните мрежи и иронично напиша:
„Најдобра фотографија досега. За што воопшто зборуваат сите? Изгледам неверојатно, а се гледа и колку сум се потрудила. Се разбудив и си реков: Денес ќе покажам неверојатен изглед. И токму тоа го направив“.
Потоа објави уште една фотографија одблиску, на која носи очила и маица и широко се насмевнува, додавајќи:
„Денес изгледам уште подобро“.
Со оваа реакција не само што им возврати на критичарите туку и успеа непријатната ситуација да ја претвори во уште една прилика за самоиронија.
Поврзани објави
Пинк и претходно често била на удар на коментари за својот изглед. Во 2020 година, на својот блог објави искрено „писмо до самата себе“, во кое отворено зборуваше за стареењето.
„Боже мој, старееш. Ги гледам брчките, особено кога се смееш. Носот ти станува сè поголем… Изгледаш (и се чувствуваш) чудно додека се приспособуваш на оваа нова реалност“, напиша тогаш пејачката.
Но, веднаш потоа се потсети дека промените на лицето не се причина за тага:
„Но носот ти изгледа како носовите на твоите деца, а лицето ти се збрчкува токму таму каде што се смееш“.
Пинк призна и дека понекогаш размислува за пластични операции или ботокс, но секогаш се откажува од таа идеја кога ќе види лица на кои интервенциите им ја одзеле природната изразеност.
„Не можам да си го направам тоа. Едноставно не можам. Сакам моите деца да знаат како изгледам кога сум лута“, објасни таа.
Пејачката повеќепати истакнала и дека никогаш не ја градела кариерата врз основа на својот физички изглед.
„Одлучив дека мојот талент и мојата индивидуалност се многу поважни од моето лице“, изјавила Пинк.
Со текот на годините и долгата кариера, таа научила да не им придава значење на негативните коментари. Музиката почнала да ја открива уште во тинејџерските денови. На само 14 години настапувала по клубови во Филаделфија, а веќе на 15 години станала членка на R&B-групата Choice. По распаѓањето на групата, Пинк ја започнала соло-кариерата.
Нејзиниот дебитантски албум Can’t Take Me Home излезе во 2000 година и веднаш ѝ донесе голема популарност. Песната Lady Marmalade, на која соработуваше со Кристина Агилера, Маја и Лил Ким, стана нејзин прв голем хит што се искачи на врвот на музичките топ-листи.
Успешна е и на приватен план. Пинк е во долгогодишен брак и е мајка на две деца.
ФОТО: ИНСТАГРАМ