Почетна ЕкономијаВладата го усвои Законот за соодветна и правична застапеност

Владата го усвои Законот за соодветна и правична застапеност

од nenad
1 минути читај за

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција, по завршувањето на владината седница, соопшти дека Владата го одобрила Нацрт-законот за соодветна и правична застапеност.

“Законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор.” – изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека се воспоставуваат нови мерила, каде компетентноста, чесноста и квалификациите се приоритет, а не партиската припадност. “За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна од дипломата и стручноста, ние поставуваме нов стандард, знаење, интегритет и заслуги,” – рече Мицкоски.

Според неговите зборови, овој закон означува нов период на професионалност во државната администрација, како на национално, така и на локално ниво.

Мицкоски објасни дека Нацрт-законот прво ќе биде испратен до Венецијанската комисија, а потоа ќе биде ставен во собраниска процедура. “Имаме обврска после толку години да раскрстиме со минатото градејќи институции кои не ги поддржуваат послушните, туку ги вреднуваат способните. Јавен сектор каде што млад човек со интегритет може да напредува. Овој Предлог закон го доставуваме на разгледување до Венецијанската комисија затоа што сакаме највисоки стандарди и целосна усогласеност со европските вредности. Законот ќе биде доставен до Собранието, откако ќе го добиеме мислењето на Венецијанската комисија,” – заклучи Мицкоски.

Извор: МИА