Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник на францускиот автомобилски бренд Peugeot за регионот, оваа година одбележува 35 години успешно работење и присутност на пазарот. Во текот на овој период, компанијата изгради репутација на сигурен и модерен партнер кој не само што нуди автомобили со врвен квалитет, туку и поставува стандарди во постпродажната грижа и услугата кон своите клиенти.
Еуроимпекс својата приказна ја започна во 1990 година со тројца вработени, во време кога автомобилската индустрија во регионот се развиваше со брзи чекори за денеска да брои 150 вработени лица. Од самиот старт, компанијата се позиционира како стабилен увозник кој носи европски стандарди, а со тоа и доверба кај купувачите. Првите модели на Peugeot веднаш го освоија вниманието на возачите со својот дизајн, економичност и сигурност.
Во текот на 35-те години, Еуроимпекс не само што ја зајакна својата позиција на македонскиот пазар, туку и се прошири во регионот. Со отворање на современи салони, сервиси, широка мрежа на партнери, брендови, компанијата успеа да ја доближи европската автомобилска култура до илјадници задоволни клиенти.

На свеченото одбележување на јубилејот сосптвениците се заблагодарија на своите вработени, своите соработници и фамилиите и изјавија 35 години не се само бројка, туку доказ за посветеност, континуитет и доверба која компанијата ја градела заедно со своите клиенти, партнери и вработени.
Прославата беше збогатена и со жив настап на познатата Македонска музичка ѕвезда Калиопи.

Среќен роденден Еуроимпекс, и ви посакуваме уште многу години успешна работа!