Еве зошто ја изневерил својата совршена девојка и дали повторно би го сторил тоа
Оваа исповед на маж кој ја изневерил својата совршена девојка, можеби барем малку ќе ви ја приближи машката психа и зошто тие се посклони на изневерување во врските…
„Разбирам дека многумина ќе ме осудуваат, но генерално тоа и го заслужувам, бидејќи не ги оправдувам моите постапки. Ова не е ни чин на самосожалување, бидејќи јас не сум жртвата тука. Да, ја изневерив девојка ми, сега веќе поранешна. Дали сметам дека тоа беше неморално? Да, и тоа како!
Зошто го направив тоа? Од несигурност, љубомора и зајадливост. Цел живот се чувствував физички непривлечен. Се уверив дека единствената причина зошто девојките сакаат да бидат во врска со мене е поради одредени мои карактерни црти или за внимание. Изневерувањето и сексуалните односи со друга девојка беа мојот начин да си докажам дека некој ме посакува од чисти сексуални причини и дека чувствува искрена страст кон мене. Тоа, секако, повторно нагласувам, не ја оправдува мојата постапка.
Поврзани објави
Дали повторно би го направил тоа? Не знам. Не знам дали станав подобра личност. Лесно е да се каже дека нема во моментов, но како би постапил пред искушение? Одлучив да не влегувам во врски и да бидам искрен кон себе и кон другите, но еднаш кога ќе изневериш, постои голема веројатност дека ќе се случи тоа и вторпат.
Дали некогаш го дозна тоа? Не. Не ми е проблем да ѝ кажам, но проблемот е во тоа што ќе има лошо влијание врз нејзината психа. Знам дека многу би ја повредило и би ѝ ја срушило самодовербата. Тоа не би донело ништо добро. Кога би знаел дека не би ѝ паднало тешко, би признал уште сега.
Девојката што ја изневерив со ништо не го заслужи тоа. Таа се однесуваше со мене со многу љубов и почит. Немам никакви замерки.
Ако некој некогаш ве изневерил, знајте дека тоа апсолутно не е до вас и дека едноставно сте се нашле со лоша личност. Тоа секогаш е до личноста што изневерила, односно како во мојот случај, каде што причината е несигурноста во себе и ниските морални вредности. И никогаш веќе немојте да ѝ верувате на личност која изневерила макар еднаш, бидејќи луѓето не се менуваат толку лесно.“