Александар Тарабунов ја искажа својата тага за прерано починатиот Андреј
Деновиве многу јавни личности го изразија своето сочувство и тага за трагично изгубените животи на нивните колеги во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани.
Еден од нив е и Александар Тарабунов, кој сподели носталгична поема на Инстаграм посветена на Андреј Ѓорѓиевски.
Во неа, тој се потсетува на маалските дружби со Андреј во населбата Карпош 3 и опишува каков човек беше тој, со посебен акцент на неговата хуманост и музички талент.
Поврзани објави
Ја искажува и болката што ја чувствува поради загубата на неговиот добар пријател, кој секогаш ќе му недостасува.
Во продолжение прочитајте целата поема на Александар Тарабунов во чест на Андреј ДНК.
„Aндреј од Карпош 3
Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си.
Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3.Со тебе растеа генерации,
со твоите песни од животни ситуации.Имаше глас што сите нѐ буди,
во маало сите те памтеа по старите дружби луди.
Таков си беше ти, со сите беше брат.Сега, во овие денови црни,
ко некој да нѐ дави за врат.Ќе ни фалиш засекогаш
и во животот ќе ни бидеш водилка ти.Ќе нѐ потсетуваш да помагаме на луѓе беспомошни
како што тоа го правеше тиАндреј од Карпош 3.
Вечна ти слава“