Почетна Свет(Видео) Eве што се случува кога криминалот ќе излезе од контрола: Meксико гори, сикариосите пукаа по авиони поради апсењето на синот на Ел Чапо

(Видео) Eве што се случува кога криминалот ќе излезе од контрола: Meксико гори, сикариосите пукаа по авиони поради апсењето на синот на Ел Чапо

од nenad
2 минути читај за

Полицијата во Мексико го уапси Гузман Лопез и како резултат на тоа тројца припадници на безбедносните сили загинаа во судирите по апсењето на синот на мексиканскиот нарко бос, Ел Чапо.

Гузман Лопез, син на озлогласениот мексикански наркобос Ел Чапо, е уапсен во Кулисиан во средата вечерта, пишува Асошиетед прес. После тоа бил префрлен во Суидад де Мексико.

Поради неговото апсење избувнаа немири. Загинаа дури тројца припадници на безбедносните сили, а членовите на неговата банда поставија блокади на патиштата и запалија неколку возила. После тоа го нападнале и локалниот аеродром, пренесува медиумот.

Нападнати се два авиони, еден се подготвувал за полетување, додека на три аеродроми во Синалоа откажани се повеќе од 100 летови. Погоден е трупот на авионот кој требало да лета од Куликијан до Суидад де Мексико. Тој авион се подготвувал за полетување, потврди мексиканската авиокомпанија „Аеромексико“.

За среќа нема повредени меѓу патниците и членовите на екипажот. На социјалните мрежи се појави и видео од тој авион. На него се гледаат преплашени патници стуткани пред нивните седишта.

Гувернерот на државата потврди дека 18 лица се ранети и дека се примени во болница. Според извештајот на Стејт департментот, Гузман Лопез и неговиот брат Хоакин имаат 11 лаборатории за метамфетамин во државата Синалоа и произведуваат приближно помеѓу 1.300 и 2.200 килограми дрога месечно.

Инспирирано од: infomax.mk