Почетна СветКовачевски: Сфатив дека ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од власта, братски е да земат половина од министерските места на СДСМ

Ковачевски: Сфатив дека ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од власта, братски е да земат половина од министерските места на СДСМ

од nenad
1 минути читај за

Јас морам да изразам задоволство од лидерската средба со Мицкоски. Таа средба даде добри резултати, сите можевме да се увериме дека после средбата, ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои значат вклучување на други народи во Преамбулата во нашиот Устав, вклучително и Бугарскиот народ, вели во интревју на телевизијата Алсат премиерот Димитар Ковачевски.

-При подготовката за таа средба, јас кажав дека гледајќи го дискурсот на ВМРО-ДПМНЕ, сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, од процесот и дека треба да се онуди една широка влада, прво да го отовриме уставот сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, да ги земе 50% од местата на СДСМ, тоа сметам дека е најфер, братски. Ова не е борба за политички поени туку работа за носење на одлука која ќе овозможи Македонија да го продолжи својот европски пат и до 2030 година да станеме членки на ЕУ.

И дополнително, условот кој го имаше Мицкоски во таа Влада да не учествува ДУИ, беше прифатен од ДУИ. Со тоа сметам дека сите барања се исполнети, вели Ковачевски.