Почетна Популарно(Видео) СКАНДАЛ: На настан полн со деца во Лесковац настап имаше стриптизета!

(Видео) СКАНДАЛ: На настан полн со деца во Лесковац настап имаше стриптизета!

од nenad
1 минути читај за
t

Во Лесковац се одржа меѓународен фестивал на кој настапија културно-уметнички друштва од Србија и светот. Но, најмногу се зборува за настапот на акробатската група ‘USB’ и девојката која на сцената излезе во танга со стол како единствен реквизит.

Во публиката имаше многу деца, па се огласи туристичкиот одбор на Лесковац и се извини, пишува 24сата.хр.

„Акробатската група ’УСБ’ од Ниш петти пат по ред учествуваше на овој фестивал. Во четирите претходни претстави публиката беше воодушевена, па ги донесовме по петти пат.

Но, овој контроверзен танцов перформанс за прв пат беше дел од нивниот настап и бевме многу изненадени бидејќи не знаевме за тоа. Размислувавме да го прекинеме настапот, но мислевме дека со прекин ќе предизвикаме уште поголема забуна“, соопштија од туристичкиот одбор на Лесковац, пренесуваат српските медиуми.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Тие им се извинија на граѓаните и побараа разбирање, додавајќи дека никогаш повеќе нема да ја поканат споменатата акробатска група на карневалот.

Погледнете го видеото од овој настан.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

.