На 130-годишнината од формирањето на организацијата на македонските и тракиските Бугари и 120-годишнината од избувнувањето на најголемото и организирано востание – Илинденско-преображенско, се собравме на кејот до Вардар да го одбележиме споменот на големата Бугарка и да пружиме помош, поддршка и заштита на нашиот народ браќата Бугари во Македонија, објави Бугарскиот европратеник и копретседател на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, на својот Фејбук профил откако денеска беше во Скопје на одбележувањето на 95 годишнината од смртта на Мара Бунева, каде што стотина поддржувачи на нејзиниот лик и дело се собраа на Кејот на Вардар пред спомен-плочата на Бунева, каде што положија цвеќе.
„Нема да дозволиме никој да биде прогонет за нашето право на национална самоопределба.Ние не сме непријатели на Македонија и Бугарите тука треба да можат да учествуваат во општествено-политичкиот живот во државата. Застанете заедно, а не да бидете нападнати. Брутални беа загубите врз културните клубови во Битола и Охрид. И ова се случува затоа што политиката и пропагандата во Македонија всадија антибугаризам. Бугаринот и понатаму е насаден како непријател Но, заклучокот од денешницата треба да биде:Бугарија и Бугарите не се непријатели на Македонија“, напиша Џамбаски на својот Фејсбук профил.