48
Аеродром навечер. Незгрижените улични кучиња се надлежност на ЈП Лајка, кое е под Град Скопје. Тие пак според програмата ги третираат и враќаат на улица. Кучињата се групираат, а граѓаните реагираат дека тоа им предизвикува страв да се движат слободно по улица. Други пак, на социјалните мрежи ги бранат кучињата што лаат и трчаат по луѓе велејќи: „Бранат територија“. Сепак, проблемот – останува.