Историскиот процес на македонскиот евроинтегративен процес може да се опише и како историја на блокади. Прво имавме спор со Грција, а потоа и со Бугарија, со тоа што бугарскиот проблем се преточи во рамката за преговори со Европската Унија. Сега пред нас се исправени уставните измени, кои ќе значат вметнување на македонските граѓани со бугарска самосвест во Уставот.
Ние имаме вечен проблем со историјата, не само со Бугарија туку со сè. Историјата е секогаш во преден план, за жал. Добра му е идејата на Христијан Мицкоски, уставните измени да бидат со одложено дејство, а впрочем тоа и не е нова идеја туку се појави уште со почетокот на проблемот, ама сега се интевизира. Не е одвоија со Албанија, што не е ништо посебно бидејќи само наивен човек може да поверува дека ќе не држат заедно во пакет. Не зошто сме полоши од Албанците, туку зошто имаме помалку среќа. Тие ги немаат Бугарите и имаат море – вели уредникот на Плуинфо, Мартин Богатиноски, кој беше гостин во утринската програма на Слободен печат. Богатиноски е сигурен дека Уставот на крајот сепак ќе се смени, но дека ќе биде погрешно доколку ние се откажеме од нашата стратегија.
Темата со уставните измени треба да ја држиме во фокусот, ама да не припаѓаме многу околу тоа. На крајот од краиштата, уставните измени ќе се случат. Ние името го сменивме на државата, па сега сме се фатиле за уставните измени. Но, добро е да се води политика со ‘рбет, тоа ми се допаѓа кај оваа власт и пристапот кај овие преговарачи за разлика од претходно што беше – додава Богатиноски.