Британските осуденици може да бидат испратени во Естонија откако бројот на затвореници во Англија и Велс достигна рекордни 88.350 по немирите во земјата предизвикани од убиствата во Саутпорт во јули. Естонската министерка за правда Лиза Пакоста рече дека има доволно места во естонските затвори и ќелиите се достапни за изнајмување доколку на Британија и треба помош за да се справи со кризата.
Според Пакоста, шемата би можела да биде вредна 25 милиони фунти за Естонија, а Велика Британија и Шведска, наводно, веќе разговараат за испраќање затвореници во балтичката земја, пишува Мирор. Половина од местата во затворите се празни. И точно е дека на владиниот кабинет му дадов меморандум за дискусија, да се избере насоката на решението – рече министерката.
Ова доаѓа откако британските власти апелираа до судиите да не испраќаат луѓе осудени за злосторства од ниско ниво во затвор и предложија предвремено ослободување на некои затвореници за да се реши проблемот со пренатрупаноста во британските затвори. Англија и Велс пријавија 88.350 затвореници во петокот, што е најголем број од 2011 година, по бранот немири што избувнаа во Британија по убиството на три девојчиња во Саутпорт.