“Добредојдовте во Албанија”. Со оваа парола започнува промотивното видео од вчерашната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово, а видеото го објави секако тетовскиот градоначалник Биљал Касами.
На настанот кој беше организиран со сите почести, освен со интонирање на државната химна на Република Македонија, се вееше и знамето на таканаречената “голема Албанија”, што наиде на остри реакции од страна на државниот врв, јавноста и политичките партии, чудно, но со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ претходно денеска ги упатија граѓаните огдовори за вчерашниот иредентизам да побараат кај Мицкоски и неговиот коалиционен партнер Касами. МВР пак започна истрага за веењето на знамето, но засега лицето не е идентификувано.
Промотивното видео кое го објави Касами е уште едно во низата скандалозни настани кои започнаа од вчерашниот ден со посетата на косовскиот премиер. Скандалозно е градоначалник на град во Република Македонија да објави видео во кое практично го прогласува Тетово за албанска територија.
Засега реакција на ваквото видео нема ниту од власта, ниту од опозицијата.