Почетна Убавина и здравје(Видео) Данијела Мартиновиќ ја испеа култната евровизиска песна во истиот фустан како пред 28 години

(Видео) Данијела Мартиновиќ ја испеа култната евровизиска песна во истиот фустан како пред 28 години

од nenad
1 минути читај за

Носталгијата ја одбележа првата полуфинална вечер на „Дора“ (националниот избор на песна за Евровизија во Хрватска), а најсилниот впечаток го остави Данијела Мартиновиќ, која по речиси три децении повторно застана на истата сцена што ѝ донесе една од најголемите победи во кариерата.

Во 1998 година таа триумфираше со „Neka mi ne svane“ и ја претставуваше Хрватска на Евровизија во Бирмингем, каде што го освои петтото место. Токму тој период го врати во живот и оваа година – не само со изведбата на евровизискиот хит, туку и со изборот на гардероба.

Поврзани објави

Мартиновиќ се појави во долг син фустан, истиот што го носеше на победничката Дора пред 28 години. Модниот детал веднаш беше забележан од публиката и водителката Барбара Колар, која во живо посочи дека пејачката и денес може да го облече истиот фустан од 1998 година. „Тоа е тој фустан!“, потврди Данијела, предизвикувајќи аплауз во салата.

Таа објасни дека низ годините често ја подарувала облеката, но оваа креација одлучила да ја зачува без посебна причина – сè до моментот кога повторно ѝ се укажала можност да ја носи на истата сцена.

 

Фото: Јутјуб принтскрин https://www.youtube.com/watch?v=m_pPdICDUFM&t=118s