Почетна Технологија(ВИДЕО) Во Токио трка со времето за спасување на возач кој со камионот пропадна во дупка на улица

(ВИДЕО) Во Токио трка со времето за спасување на возач кој со камионот пропадна во дупка на улица

од nenad
0 минути читај за

Јапонските спасувачки екипи денеска ја продолжуваат акцијата за да го извлечат возачот на камионот кој пред 24 часа остана заробен кога на површината на патот во предградие на Токио се создаде огромна дупка. Несреќата се случила вчера наутро во Јашио, предградие во северниот дел на Токио, кога се отворила огромна дупка длабока шест метри, проголтувајќи го камионот заедно со неговиот возач. „Спасувачките операции продолжуваат 24 часа“, но „не можеме да контактираме со возачот“, изјави утринава за АФП портпаролот на противпожарната служба.