Ова монументално уметничко дело оддава почит на богатиот културен опус на Вевчани, овековечувајќи го наследството на нашиот негуван Вевчански карневал – еден од најстарите европски и први карневали во државата, зачленет во Светската карневалска федерација.Проектот кој ја доби поддршката од Министерството за култура ја надминува естетиката и е доказ за нашата посветеност да го зачуваме и славиме нашето културно наследство.Мотивот на муралот одлично се вклопи во просторот и контекстот, а Вевчани дополнително се оживеа благодарение на големата површина на муралот и живите бои. Им честитам на авторите за успешниот проект и што ја искористија моќта на уметноста во раскажувањето на нашите приказни и заштитата на нашата традиција.