Почетна Популарно(Видео) Вардар ги повика навивачите: Дојдете на првиот тренинг, борбата почнува од – утре!

(Видео) Вардар ги повика навивачите: Дојдете на првиот тренинг, борбата почнува од – утре!

од nenad
1 минути читај за
t

Фудбалерите на Вардар завчера го имаа првиот собир, заедно со средба со новинарите, а утре и официјално ќе го одработат и првиот тренинг во пресрет на новата сезона во Првата лига, каде што се вратија по двегодишниот егзодус во второлигашката конкуренција.
Со оглед на најавите на новата управа сочинета од претставници на популарните „Комити“, дека ова ќе биде враќање на клубот на народот, покана за присуство на утрешниот старт на подготовките на арената „Тодор Проески“ добија сите на кои во срцето им е црвено-црната боја.
„На собирот, ќе може да се купат промотивни маички ‘Вардар – клуб на народот’ и тоа по цена од 500 денари. Покрај тоа, јавно ќе бидат соопштени и начелата на нашата најголема заедничка акција – продажбата на членски карти, со кои ќе можат да се проследат сите домашни натпревари на ФК Вардар во сезоната 2023/24. Бидете присутни, зошто борбата започнува утре!“, се вели во соопштението на вардарци.
Тренерот Бобан Грнчаров на првиот собир на располагање го имаше речиси истиот тим со кој обезбеди враќање во елитата, совладувајќи го Скопје во бараж-дуелот во Кавадарци. На теренот на скопската Арена ги немаше само Марко Стоилевски и Давор Серафимов, кои летово направија трансфер во Брера односно Шкупи.
– Видеото погледнете го ТУКА.

.