Почетна Убавина и здравје(ВИДЕО) Ана и Рале се селат? Пејачката со контроверзни одговори, композиторот нема глас

(ВИДЕО) Ана и Рале се селат? Пејачката со контроверзни одговори, композиторот нема глас

од nenad
1 минути читај за

Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале во незгодна ситуација…

Откако запловија во љубовни води, пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале не престануваат да ѝ го привлекуваат вниманието на јавноста со скандалозното однесување.

Популарната пејачка јавно му раскина на социјалните мрежи нарекувајќи го „предавник“, му ги исфрли работите преку балконот, а иако тврдеше дека никогаш нема да се смират, сепак повторно се заедно, што потврди и екипата на српски „Блиц“, која ги сними на паркингот додека ги вадеа работите од багажникот на автомобилот.

Имено, се шушка дека Ана и Рале ќе стапнат на „лудиот камен“, па токму затоа едно од прашањата што им беа поставени беше токму тоа: дали се подготвуваат за венчавка?

Да, да, како да не!, рече пејачката, повикувајќи го саканиот да се огласи.

Погледнете:


Поврзани објави

Потсетуваме, пејачката Ана Николиќ на социјалните мрежи објави дека раскинала со композиторот Горан Ратковиќ Рале, што не е првпат, а како причина го наведе предавството. Му ги посветила песните „Кловн“ и „Адио аморе“.

На тебе би се обложила дека ме сакаш. Знаевше сè и направи сè исто. Најлоша е темнината пред зори. И ова не е мој стил, но кога некој ги знае сите твои слабости и бесрамно ги злоупотребува против тебе под слоганот: „Ама те сакам“, тоа се вика предавство. Никому не му простувам за тоа“, напиша Николиќ покрај фотографијата на која позира со Рале.

Видео: Instagram @blictelevizija