Table of Contents
Секогаш е вистинско време за превентивен преглед, советуваат гинеколозите
Редовните контроли на гинеколог се темелот на доброто здравје за секоја жена, без разлика на возраста, дали е во менопауза или не е. Сè уште е поразителен фактот дека голем број дами не одат навреме на гинеколог, па многу почесто ги лекуваат последиците, наместо да ги спречат причинителите.
„Превентивниот преглед е основата на здравјето на жената. Тој треба да се спроведува еднаш годишно кај жени без проблеми, а почесто кај оние што не се сигурни, во отсуство или присуство на одредени симптоми“, истакнуваат докторите.
Кои се пресудните чекори за добро здравје на жената?
1. Никако не одбегнувајте ги прегледите, особено ако ви се појави одреден сомнеж
Честопати, жените ги одбегнуваат гинеколошките прегледи од срам, страв од болка и може да се каже дека ретки се жените на кои гинеколошкиот преглед не им претставува проблем. Но тоа никако не смее да биде изговор.
2. Секоја болест што ќе се открие навреме, речиси секогаш е излечива
Карциномот на грлото на матката има долг преинвазивен период и може да се спречи ако се третираат лезиите што се појавуваат први. Најзагрозени се пациентките од 48 години, но возрасната граница сè повеќе се поместува. Тоа може да се воочи при самиот преглед на гинеколог, некогаш по колпоскопски и цитолошки, папаниколау преглед, а дефинитивната дијагноза се поставува со биопсија на ткивото или киретажа на каналот на грлото на матката и хистопатолошки преглед.
Поврзани објави
Ова се симптомите на кои треба особено да обрнете внимание:
„Крвавењето е најчестиот симптом дека нешто не е во ред, а се појавува по односи или по последниот менструален циклус на жената“, предупредуваат гинеколозите.
3. Ако се појави анемија, покрај на преглед кај лекар од општа пракса, пожелно е да одите и на гинеколог
Треба да одите на гинеколог ако сте анемични, а не само кај општо лекар, кој ќе ви препише железо и евентуално ќе ве упати кај хематолог. Ова е неопходно бидејќи се случува некој миом, полип или нешто трето, да не бидат препознаени навреме, па проблемите со текот на времето стануваат сè потешки.
4. Носете дневни влошки само кога имате потреба, никако секој ден
Не треба секојдневно да користите дневни влошки, така сте поподложни на инфекции.
5. Носете исклучиво памучна долна облека
Кога станува збор за долната облека, експертите препорачуваат памучна. Ако носите таканаречена деликатна долна облека, генерално од синтетичка тантела, може да се појават бројни проблеми со вагиналниот секрет, што дополнително доведува до компликации.