Почетна Убавина и здравјеВетено-сторено – „Браво бенд“ љубат и на српски (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Ветено-сторено – „Браво бенд“ љубат и на српски (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Приказната на Браво бенд не завршува тука…

Речиси неполна недела по промоцијата на нумерата „Те љубам“, момците од Браво бенд во етерот ја пуштија и српската верзија насловена „Да љубим“.

Авторскиот тим на двете верзии е комплетно ист, односно Весна Малинова е автор и на музиката и текстот, додека аранжманот на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ.

Видеото, пак, е работено со веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацевдодека кадрите се снимени на локации во Битола и на Пелистер.


Поврзани објави

Инаку, „Да љубим“ е веќе трета песна снимена за пазарот во соседството и доаѓа по одличните „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“.

Приказната на Браво бенд не завршува тука, веќе се работи на новите музички проекти, кои ќе следуваат во периодот пред нас.

Во меѓувреме слушнете ја и српската верзија, а ако сѐ уште не сте ја чуле македонската еве одлична можност: 

Текст и фото: ПР