Почетна ЕкономијаВелика Британија ќе се вклучи во доставување хуманитарна помош за Газа преку воздух

Велика Британија ќе се вклучи во доставување хуманитарна помош за Газа преку воздух

од nenad
1 минути читај за

Велика Британија ќе се приклучи кон интернационалните акции за праќање хуманитарна помош во Газа по воздушен пат, објави премиерот Кир Стармер, по одобрувањето од Израел за ваков вид испорака поради влошената хуманитарна ситуација.

Стармер изјави дека Лондон “итно ги забрзува напорите” за евакуација на деца со итни медицински потреби, кои ќе бидат згрижени во британски болници.

Оваа објава доаѓа во период кога над 220 парламентарци, меѓу кои и повеќе од половина од членовите на Лабуристичката партија, побараа од владата да ја признае палестинската држава, верувајќи дека тоа е важен чекор кон трајно решение на израелско-палестинскиот судир.

Велика Британија и претходно има учествувано во авионско доставување на хуманитарна помош во 2024 година, во соработка со Јордан. Кралското воено воздухопловство (RAF) успеа да испорача преку 100 тони храна во северниот дел на Газа.

Сепак, хуманитарните организации предупредуваат дека воздушната достава претставува скап и неефикасен метод кој не е во можност да ги задоволи потребите на населението. ссм/фото: архива. Извор: МИА