Почетна Економија„Вашингтон пост“: Трамп се откажува од планот за ФЕМА

„Вашингтон пост“: Трамп се откажува од планот за ФЕМА

од nenad
1 минути читај за

Според информациите објавени од „Вашингтон пост“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се откажала од замислата за укинување на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА). Весникот се повикува на анонимен висок функционер од Белата куќа.

„Нема формални акции за затворање на Агенцијата, а промените најверојатно ќе бидат ограничени на ребрендирање, за да се нагласи улогата на државните лидери во реагирањето на катастрофи“, навел „Вашингтон пост“.

Белата куќа досега не дала коментар за тврдењата на „Вашингтон пост“.

Трамп, кој претходно апелираше за распуштање на оваа федерална институција, се очекува да го посети Тексас, регион погоден од поплави во кои загинаа најмалку 120 лица, а над 160 се водат како исчезнати.

МИА архива.

Извор: МИА