Почетна ЕкономијаПочина репрезентативец на Габон, полицијата истражува три сценарија – МАКТЕЛ

Почина репрезентативец на Габон, полицијата истражува три сценарија – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Габонскиот репрезентативец, Арон Боупенза кој го носеше дресот на кинескиот Жендијаг каде што беше и најдобар фудбалер почина како последица од 11-ти кат во зграда во Кина. Полицијата отвори истрага за смртта на фудбалерот и во овој момент се разгледуваат три сценарија меѓу кои е и убиство, а осомничен е неговиот брат. Имено, очевидци за полицијата изјавиле дека братот на фудбалерот во моментите на инцидентот бил во неговиот стан од каде што се слушнала и расправија. Останатите две сценарија кои се можни за полицијата се „несреќен случај“ и самоубиство.

Најдобрата сезона во кариерата Боупенза ја одигра во турската Суперлига каде што беше најдобар стрелец (2020/2021). Животот го загуби на 28 години, а настапуваше уште за: Бордо, Ајачио, Феиренсе, Ал-Араби, Ал-Шабаб, Синсинати и Рапид Букуреш.