Пејачката Ана Николиќ секогаш го привлекува вниманието на јавноста, без разлика дали тоа е поради нејзините песни или поради нејзиниот бурен приватен живот, кој беше под лупа на јавноста во последните месеци.
Се шушкаше за нејзината врска со композиторот и продуцент Горан Ратковиќ Рале, а таа на крајот призна дека се заедно. Оттогаш објави неколку фотографии со својот партнер на Инстаграм, а на последните фотографии изгледа многу среќна.
Поврзани објави
Пејачката ја избра вистинската летна комбинација со високи потпетици, лелеав фустан со подлабоко деколте во розова боја и сатенска кафена кошула, со интересен накит, но ништо не можеше да се спореди со нејзината насмевка. Секако, и Рале беше одлично расположен, па со задоволство позира со Ана.
Фото: Инстаграм