Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ се присети на покојната мајка и ѝ ги сподели своите најголеми животни победи, велејќи дека верува оти таа се гордее со него.
Бојан Илиевски, победникот на претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, го одбележа роденденот на својата покојна мајка со емотивна посета на нејзиниот вечен дом. Музичарот сподели фотографија и порака во која откри дека и овојпат имал што да ѝ раскаже.
Мајко моја! Иако не си повеќе помеѓу нас, јас пак ти дојдов денеска кај тебе, кај твојот вечен дом да ти го честитам роденденот, душо моја! Но, овој пат дојдов и со преубави вести! Овој пат ти ги споделив сите победи мои во животот во изминатиот период“, напиша тој.
Илиевски останал без двајцата родители уште на млада возраст. Неговиот татко се борел со тумор на мозокот, додека неговата мајка починала по тешка болест. По нивната загуба, најголема поддршка му била баба му, која била покрај него во најтешките моменти.
Поврзани објави
ФОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ
Животот на пејачот бил исполнет со бројни предизвици, меѓу кои и финансиски проблеми и борба со коцкањето, за која самиот отворено зборувал во текот на натпреварувањето. И покрај тешките периоди, тој не се откажал од музиката. Завршил основно и средно музичко образование, студирал на Музичката академија во Словенија, а со победата во „Ѕвездите на Гранд“ оствари голем професионален успех.
printskrin youtube