Овој пијалок е сè попопуларен тренд, но колку оваа практика е навистина добра за вашето здравје?
Во текот на целата година, ние сме во потрага по чудотворни пијалоци кои ќе ни го зајакнат имунитетот, ќе ни ја вратат енергијата, ќе ни помогнат да го поминеме денот и ќе ни блескаат лицата. И токму затоа овие шотови се појавија на сцената. Што нудат и колку навистина можат да помогнат?
Шотовите постојат веќе некое време, но неодамна се прошири понудата за велнес шотови вклучувајќи ѓумбир, куркума, јаболков оцет, алое и мака. Тие се концентрирани верзии на ладно цедени сокови.
Експертите велат дека најдобрите нешта доаѓаат во мали пакувања ,па затоа тие се брз и лесен начин да внесете важни витамини, минерали и антиоксиданси во вашата исхрана. Нивната репутација е беспрекорна, но дали навистина вредат?
Ако им се верува на експертите, овие пијалоци не можат да ни наштетат. Но, веројатно нема да има голема разлика за вашето здравје. Овие мали количини не претставуваат целосна здрава исхрана. Затоа може да бидат дополнување, но во никој случај замена за цели богати оброци.
Кои се најефективните состојки?
За оние кои сè уште сакаат да ги вклучат во нивната рутина, ги претставуваме најпопуларните состојки.
Куркума
Поврзани објави
Содржи куркумин, кој има антиинфламаторни својства, помага во регенерацијата на мускулите и може да го ублажи воспалението во цревата. Тој се препорачува на спортистите и на луѓето со Кронова болест, чиреви или колитис. Но, за да биде активна куркумата, мора да се комбинира со црн пипер.
Ѓумбир
Познат по ублажување на гадење, надуеност и болка. Ѓумбирот има антиоксиданси кои имаат корист за кожата, но ако имате рефлукс на киселина, тоа може да ви пречи. Се разредува со вода или кокосова вода, но често се засладува со сокови.
Јаболков оцет
Мит е дека помага при слабеење. Може малку да влијае на шеќерот во крвта, но не доволно значително за да се пие секојдневно. Во големи количини може да го оштети хранопроводникот, а трудниците треба да избегнуваат непастеризиран оцет.
Пченична трева
Содржи витамини А, Ц и Е, минерали и амино киселини. Но, како и секое растение, има хранливи материи кои можете да ги добиете со едноставна салата.
Фото: Pexels.com