Пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш конечно ќе ја направат свадбата на која сите чекаа.
Пејачката Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, по 40 години заеднички живот решија да ја обноват својата љубов преку голема гала-свадба. Поканата веќе е испратена и го најавува настанот за 29 јуни.
Тој датум не е случаен – истиот ден Зорица го слави својот 70-ти роденден, па свадбата ќе биде двојна прослава. Настанот ќе се одржи во нивниот дом во Крњача, со шатор и свечена декорација.
Поврзани објави
Поканата е во златни букви и содржи емотивна порака:
Срцето и понатаму избира исто… повторно ќе изговориме ‘ДА’“. Сите блиски пријатели се повикани да бидат дел од овој важен момент“.
Се очекува вистински спектакл – со богато мени, музика, специјални гости и венчаница што Зорица ќе ја облече за првпат во животот. Естрадата со нетрпение го очекува овој голем ден.
zorica brunclik printskrin rodenden