Марго Роби моментално го промовира својот филм „Големо, смело и убаво патување“
Тешко е да се поверува дека Марго Роби се породила пред 11 месеци. За промоцијата на нејзиниот нов филм „Големо, смело и убаво патување“, актерката се одлучила за крајно рискантни модни парчиња.
Пред неколку дена ја видовме во „гол“ фустан кој ѝ стоеше совршено, а сега имавме можност да уживаме во нејзината појава во црно-бел фустан.
Актерката го покажала затегнатото тело во фустан со длабоко деколте и изрези до бутовите.
Нејзиниот фустан го дизајнирал Тери Муглер и објавен е како дел од пролетната колекција на модната куќа за висока мода во 1998 година.
Поврзани објави
Марго ризикувала фустанот да го покаже секој сантиметар од нејзиното тело додека чекорела по црвениот килим и ја поздравувала насобраната толпа.
Покрај Марго, во споменатиот филм игра и Колин Фарел.
Во филмот се зборува за Сара (Марго) и Дејвид (Колин) кои се запознаваат на венчавка на заеднички пријател и набрзо завршуваат во вонземска авантура, за време на која повторно преживуваат некои важни моменти од минатото.
Тие откриваат чудна врата во шумата која е некаков портал кон нивното минато. Па така, тие заедно повторно ги преживуваат своите длабоки сеќавања, како невозвратената љубов на Дејвид и смртта на мајката на Сара.
Овој романтичен-фантастичен филм треба да биде премиерно прикажан во САД и Велика Британија на 19 септември и веќе добива пофалби од фановите откако беше објавена првата снимка, а некои дури и го нарекле „филм на годината“.