Почетна ЕкономијаБожиновска: Најдобро е Чебрен и Галиште да биде домашна инвестиција, но се работи за голема инвестиција и мора да се видат можностите на Буџетот

Божиновска: Најдобро е Чебрен и Галиште да биде домашна инвестиција, но се работи за голема инвестиција и мора да се видат можностите на Буџетот

од nenad
1 минути читај за

02/02/2026 13:41
ФИНАНСИИ

Во наредните месец – два ќе се знае како ќе се реализира проектот Чебрен и Галиште – дали ќе биде целосно државна инвестиција или ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство. Министерката за енергетика Сања Божиновска се согласува со тоа дека најдобро е да биде домашна инвестиција, но вели се работи за голема инвестиција и треба реално да се видат финансиските можности во Буџетот.

– Се согласувам дека најдобро е проектот да биде наш, но кога ќе го погледнеме Буџетот и капиталните инвестиции ќе видиме што е реално. Станува збор за над милијарда евра во пет години – тоа не е малку. Паралелно, има здравство, транспорт и други приоритети. Мислам дека во наредните месец-два ќе имаме повеќе информации, изјави денеска Божиновска по прес-конференцијата на која говореше за Годишниот план за изградба на енергетски проекти за годинава.

Од Министерството за енергетика тврдат дека има заинтересирани инвеститори за овој проект. бак/вј/