Првата дама на Америка секогаш изненадува со својот изглед, а некое време ја немаше на јавните настани, но тоа го коригира со најновото појавување.
Првата дама на Америка, Меланија Трамп присуствуваше на доделувањето на наградите „International Women of Courage“ и со својот изглед успеа да ги остави сите во сенка.
И додека нетрпеливо ја чекавме новата стара прва дама повторно да не’ шармира со нејзините модни изданија, таа на кратко исчезна. На неодамнешното доделување на наградите во Стејт департментот, Меланија блесна во уникатно парче.
Палтото со леопард-принт на дизајнерката Мили Парк го привлече целото внимание. Направено е од телешка кожа и неговата цена е неверојатни 11.000 долари.
Најстрогите модни критичари го оценија ваквото модно издание како премногу драматично за ваков настан, но Меланија уште еднаш успеа да ги натера сите да зборуваат за неа испаќајќи моќна порака.
Фото: Инстаграм