Почетна Убавина и здравјеБидете креативни и оригинални: Идеи за осмомартовски подарок кои ќе ја израдуваат секоја жена

Бидете креативни и оригинални: Идеи за осмомартовски подарок кои ќе ја израдуваат секоја жена

од nenad
2 минути читај за

Празникот на жената, 8 Март, не е обврска која треба да се истурка, туку повод да им покажеме на жените во нашите животи колку ги цениме за сè она што го сториле за нас. Токму затоа и треба добро да размислиме што ќе им подариме и како ќе ги изненадиме, а опциите се големи, само ако размислиме малку пошироко и подалеку од стандардните и досадни подароци.

Сè уште немате идеја? Без грижи, тука сме да помогнеме да излезете од шаблонот и да пронајдете подарок кој најблиските навистина ќе ги усреќи и израдува.

Грижливо спакувана комбинација од dmBio чоколадo и природна козметика

Дали некоја жена некогаш се пожалила дека има премногу чоколада и премногу козметика? Не!

Овој подарок се подготвува во три фази:

  • внимателно и ненаметливо истражување на тема – која е омилената чоколада на омилената жена за која го подготвувате подарокот, а која е омилената козметика?
  • пронаоѓање, купување и пакување на производите од истражувањето.
  • пишување пригодна порака во која ќе ја искажете својата љубов кон нив.

Ова е подарок кој со сигурност ќе ги израдува. Трудот и внимателно одбраната козметика и чоколада ќе бидат полн погодок.

Спа третман и викенд екскурзија

Велат дека денес најголемиот луксуз е да имате слободно време. Ова особено важи за македонските жени кои имаат обврски и се под стрес 24 часа дневно. Изненадете ги така што ќе им уплатите викенд во спа хотел каде ќе можат целосно да одморат од обврските, грижите и стресот на обичното секојдневие.

Обезбедете полн пансион во убав хотел и побарајте да минат два дена уживајќи во хотелскиот базен, сауна и ресторан, да гледаат серии и филмови без да бидат прекинати од никого. Кога ќе се вратат од едно вакво искуство, ќе бидат целосно одморени и психички препородени.

Подарете dm ваучер со кој ќе нурнат во океанот женска козметика

Да не се лажеме, секој подарок може да е полн погодок за вашата девојка, мајка или колешка, но само со една опција може да бидете сигурни дека 100% нема да згрешите – ваучер од најпознатата и најпопуларната дрогерија кај нас и Европа –dm .

Секоја жена може да мине часови меѓу рафтовите во dm, грижливо одбирајќи од изобилството производи. Во понудата имаат ваучери од 350, 500 или 1000 денари, па може да подарите токму онолку колку што сметате дека е исправно и колку што вашиот буџет дозволува. Ваквиот подарок истовремено ја елиминира можноста да згрешите во изборот и неизмерно ќе ја израдува личноста што ќе го добие подарокот.