Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш својата венчавка ја закажаа за 29-ти јуни, кога музичката дива го прославува својот 70-ти роденден.
Зорица Брунцлик и Кемиш се венчаа во 1985 година во Париз, но немаа свадбена прослава. Токму поради оваа причина, тие одлучија да одржат гала прослава на која ќе ги соберат сите свои најблиски.
Зорица Брунцлик при гостувањето во емисија откри каква прослава сака, но и дали ќе носи венчаница.
Поврзани објави
Се венчавме двајцата дома, не отидовме во општина, ни дојде матичарот. Имавме и црковна венчавка, во Париз. Сепак, немавме свадбена веселба и ова ќе биде идеална можност да ги собереме семејството, пријателите, колегите и кумовите. Ќе бидам невеста во венчаница, а ќе имам и бидермаер“, вели пејачката и додава каква ќе биде свадбената торта:
„На првото ниво ќе има деца, зетови и снаи, поточно нивните фигури. На вториот ред се внуците, додека јас и Кемиш ќе ги надгледуваме одозгора, сите со сукало“.
За потсетување, бракот на двете музички ѕвезди трае четири децении и е еден од најдолготрајните и најхармоничните на јавната сцена.
printskrin Youtube/hype tv