Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ сподели фотографии од својот одмор, каде друштво му правеа три дами…
Јелена Карлеуша отпатува во Будва, каде доминира последните неколку дена, со оглед на тоа што за 10 дена одржа дури шест концерти во црногорската престолнина.
За тоа време во Бодрум одмара нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, а друштво му прават три дами.
Имено, поранешниот фудбалер се огласи преку својот Инстаграм профил каде сподели фотографија со ќерките Атина и Ника, а во кадар со нив е и Ања, ќерката на сестрата на Тошиќ.
Поврзани објави
Дополнително, Душко објави и фотографија од јахтата на која покажа исончан тен, но и насмевка по која е надалеку познат.
Да потсетиме, Душко Тошиќ и Јелена Карлеуша се пред официјален развод, а како што пренесуваат медиумите, најпознатата двојка во голема мера го поделила милионскиот имот стекнат за време на бракот.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: