Почетна ЕкономијаДимитриеска Кочоска на ФБ: Акцизите на горивата и ДДВ-то за бензините од 18 на 10% до 1 јуни

Димитриеска Кочоска на ФБ: Акцизите на горивата и ДДВ-то за бензините од 18 на 10% до 1 јуни

од nenad
1 минути читај за

Владата, на вонреден состанок одржан денеска, го продолжи до 1 јуни 2026 година рокот за примена на мерките насочени кон намалување на ценовните притисоци и обезбедување на животниот стандард на граѓаните. Веста ја објави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на својот профил на Фејсбук.

“Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година,” стои во нејзината објава.

Оваа одлука беше донесена на денешната вонредна владина седница.

“Овие мерки претставуваат адекватен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси,” напиша Димитриеска Кочоска на Фејсбук.

Министерката посочи дека Владата и Министерството за финансии настојуваат да обезбедат стабилност и предвидливост, да ги намалат инфлаторните притисоци, да ја поддржат економијата и да го зачуваат животниот стандард на граѓаните.

Претходната владина одлука за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува во понеделник, 18-ти мај. Со продолжувањето на рокот, горивата ќе се продаваат по помали цени во следните две недели.

Истовремено, во понеделник завршува и рокот на попустот што го нуди најголемиот увозник на нафтени деривати во земјава, ОКТА. Компанијата на најголем дел од бензинските станици во државата нуди попуст од три денари за литар дизел гориво и два денари за бензин.
Извор: МИА