Американскиот претседател, Доналд Трамп, и кинескиот лидер Си Џинпинг се согласија дека Ормуската Теснина мора да остане отворена за слободен проток на енергија, објави Белата куќа по состанокот на лидерите во Пекинг.
Британските медиуми пренесуваат дека во официјалното резиме од разговорите Белата куќа наведува дека двајцата лидери разговарале за глобалната енергетска стабилност, како и за потребата од непречен проток на нафта и гас преку оваа стратешка поморска рута.
Покрај енергетските прашања, двајцата лидери разговарале и за борбата против протокот на хемикалии како прекурсори на фентанил во САД, како и за можното зголемување на кинеските купувања на американски земјоделски производи.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека кинескиот регион Тајван не е споменат во официјалниот резиме од состанокот, што е оценет како „добар“.
Post Views: 91